54654

Нова серија на Телма за најконтроверзниот стрип на светот „Утопија“

 

Нова серија на Телма - добитничка на 7 ЕМИ награди

 

Од вечерва, па секоја наредна сабота, Телма ќе ја емитува британската трилер драма "Утопија". Серијата е снимена во 2013 и 2014 година од Канал 4, а во главните улоги ќе ги гледаме Александра Роуч, Нејтан Стјуарт - Џарет, Адил Актар и Оливер Вулфорд.

 

Utopija1

 

Во средиштето на случувањата е стрипот "Утопија" од 1985 година, околу кој се споменуваат многу митови. Авторот на серијата е Денис Кели кој својот истенчен смисол за хумор и иронија успешно го пренесува во сериозната сфера на утопијата.

 

Utopija2

 

Низ 12 епизоди ќе ја следиме сторијата за неколкумина луѓе кои се поврзани со еден таинствен стрип, чиј автор починал во душевна болница под неразјаснети околности. Неговиот стрип го пратат гласини дека ги предвидел најголемите катастрофи во минатото столетие и дека во себе го крие одговорот за нив. Мистериозната агенција Мрежа тргнува во лов на тие луѓе, обвинувајќи ги за злосторства кои не ги сториле. Обвинетите се приморани да ги напуштат досегашните животи и да станат бегалци, но само една жена, Џесика Хајд ги знае одговорите за сѐ.

 

 
Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012