54654

По репризата на бугарската серија на Алфа, уште еднаш реприза од почеток

 
Бугарската серија "Етажна собственост" со уште една реприза на Алфа
 
 
Премиерно емитувана пред неколку години, од тогаш неколку пати репризирана. Последната реприза заврши минатата сабота во 11.30 часот, а од вчера повторно истата серија во истиот термин, но со нова реприза од прва епизода. „Соседи во акција“ („Етажна собственост”) е комична ТВ серија од како започна да се емитува во Република Бугарија, во 2011 година, а авторите и продуцентите на серијалот велат дека оваа ТВ продукција е како огледало на современа Бугарија и на нејзините граѓани.
 
Etzana1
 
 Ликовите во серијата ја отсликуваат современата реалност полна со предизвици кои понекогаш се предизвикани од општеството, но многу почесто од карактерите на граѓаните кои за сите прашања бараат одговори по скратен пат, или на некој друг, свој и особен начин.
 
Гледачите имаат пред себе личности кои ги раскажуваат своите лични приказни за тоа како стануваат од некогашни Бугари сега стануваат Европејци, односно како некогашниот Бај Гањо, сега е Господин со големо Г.
 
Etzana2
 
Серијата предизвикува силна смеа, изобилува со хумор, сатира, и во исто време ги замислува гледачите. Авантурите на главните ликови најилустративно ги отвораат битните прашања на секојдневието, но не советуваат, не даваат одговори, не подучуваат, туку оставаат секој гледач сам да си ги побара одговорите. 
 
Etzana3
 
 Во серијата настапува галерија од најодбри актери од Бугарија како што се: Антон Радичев, Красимир Ранков, Надја Савова, Јавор Гигов, Милена Маркова, Стефан Иванов, Невена Бозукова, Евгени Будинов, Валентин Владимиров, Пламен Добрев, Георги Спасов, Јана Огњанова, Красимир Куцупаров, Елена К’нева, Диди Живкова, Гено Колев, Красимир Ганчев...
 
 
Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012