54654

Шпионското ремек дело „Ноќен менаџер“ со Хју Лори стартува на Канал 5

 

Канал 5 најавува серија што ќе ве остави без здив

 

Нова британска мини серија за шпионските игри и неочекуваните пресврти. "Ноќен менаџер" секој работен ден во 22.00 часот на Канал 5 телевизија, дел од новите содржини на оваа фреквенција.

 

Nokenmenadzer1

 

По којзнае колку време, конечно светска хит серија на Канал 5 телевизија. Се работи за "The night manager", една од најдобрите британски серии за 2016. година за која прочуениот др. Хаус (Хју Лори) доби ѕвезда на Патеката на славните, а Том Хидлстон статус за најдобар потенцџијален кандидат за идниот Џејмс Бонд.

 

Nokenmenadzer2

 

Во режија на оскаровката Сузан Бир, a базирана на истоимената новела од 1993 година, серијата има добиено 3 Златни Глобуси за најдобар главен машки лик, најдобар спореден машки лик, најдобар спореден женски лик, 2 ЕМИ награди за режија и музика, како и над 35 останати филмски номинации.

 

Nokenmenadzer3

 

Во центарот на ова шпионско ремек дело е мистериозен оперативец кој тргнува во тајна мисија покрај многу лоши луѓе кои живеат луксузни животи поради кои имаат доволно слободно време за нелегални активности. Од понеделник, 15 мај, ќе бидете сведоци на инфилтрирање на еден ноќен менаџер од хотел во Каиро во внатрешниот круг на дилери со оружја. Џонатан Пајн (Том Хидлстон) можеби ја започнува оваа приказна како ноќен менаџер, но многу брзо станува нешто повеќе.

 

Nokenmenadzer4

 

Благодарение на своето поранешно искуство со војската, како и способноста да остане мирен во стресни ситуации, тој ќе успее брзо да се адаптира на свет во кој не би можел секој да преживее… Од човек со пропаднат брак и минато на бојните полиња во Ирак, тој станува симбол на храброст и восхит, чиј живот ќе се спои со Ричард Лопер, образован, богат и шармантен милијардер.

 

Nokenmenadzer5

 

Зад маската на Ричард Лопер, бизнисмен филантроп и голем господин, се крие еден од најопасните луѓе на светот кој својата империја ја создал така што продавал оружје и поткупувал луѓе за да стигне до важни информации. Во моментот кога Пајн ќе го спаси животот на синот на Ричард, тогаш Ричард ќе го прими ноќниот менаџер во својот дом и својот живот.

Тука се запознаваме и со Џед Маршал, интригантната и заводлива сопруга на Ричард која е неправедно заробена во светот на криминалот и злосторствата, се со цел финансиски да му помогне на семејството.

 

Nokenmenadzer6

 

Покрај турски серии и гејм шоуа, Канал 5 на своите гледачи им носи нешто сосема неочекувано, ново и тензично, серија која обиколи над 180 земји во светот, а која ќе ве прошета од Каиро па се' до Истанбул и Мајорка. Раскошна сценографија и екстериери е она што никого нема да остави рамнодушен низ првите 6 епизоди од првата сезона на "Ноќниот менаџер".

 

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012