54654

Британскиот ситком „Shameless“ репризно на МТМ секоја вечер

 

По "Ева Луна", "Трејси Бикер", "Љубов на распуст", уште една реприза


Британската серија "Бесрамници" со репризно емитување на скопската МТМ телевизија, од понеделник до петок во 21.15 часот, заменувајќи ја теленовелата "Илузионист". Се работи за позната британска т.н. комична драма за возрасни, продуцирана од Company pictures за Канал 4. "Shameless" во Британија се даваше од 13 јануари 2004 година до 28 мај 2013 година, со вкупно 11 сезони и 139 епизоди.

 

Besramnicimtm1

 

Фокусот на драмедијата се става на животот на британската средна работничка класа, при што доби позитивни критики од многу британски медиуми, како весникот The Sun и Newsnight Review на BBC Two.

Во 2005 година, тв серијата доби награда БАФТА за најдобра драмска серија и на Британските Награди за Комедии доби награда за најдобра комедија - драма. Многумина ја познаваат американската верзија на серијата која ја снима се уште Шоутајм, но вистинските познавачи на европската кинематографија за британската верзија ќе речат : брутално, лудо и ненормално, а од друга страна и доста сурово и реалистично добро изгледа оригиналната верзија во споредба со другата верзија.

 

Besramnicimtm2

 

Фамилии од гетата, социјалните „проект“ населби кои крпат ден за ден работејќи секакви работи кои ќе успеат да ги најдат. Легални (кенлерство), а во најголемиот дел и нелегални (одгледување на марихуана, проституирање, крадење, водење нелегална градинка, крадење старци од дом). И фамилијата Галагер како нуклеус е прикажана екстремно реално што дури е вознемирувачки. 

Серијата го следи дисфункционалното семејство на Фрeнк Галагер, самохран татко на шест деца. Додека тој ги поминува деновите пиејќи, неговите деца учат да се грижат самите за себе без срам. Од шесте Галагер деца Фиона е најстарата, а Лијам е само бебе кога започна серијата.

 

Besramnicimtm3


Нивната биполарна мајка Моника ги напуштила, а таткото Френк е алкохоличар кој иако е присутен во куќата е тотално незаинтересиран за нив.  Секое од децата поради ова е без родителски надзор, видело работи кои што деца на нивна возраст не треба да ги видат, фактор кој само придонесол самите деца од мала возраст да се грижат еден за друг и искрено предвреме да пораснат.  Да не го споменуваме  моментот кои децата се најдоа во рацете на социјалните служби и беа сместени во посебни домови или беа посвоени.

 

Besramnicimtm4

 

Што ја прави Shameless добра и квалитетна серија која фановите знаат да ја ценат? Најпрво тука е одличната актерска екипа која со секоја наредна сезона покажува дека кастинг агентите на стартот си ја завршиле работата мајсторски, а сценаристите можеби уште повеќе. Ова е серија која што изобилува со толку мрачна, сурова, урнебесно хумористична и „бесрамна“ реалност како што кажува и самиот наслов. Ќе се фатите како се смеете во една, а плачете во наредната сцена.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012