54654

Фантастичната авантура „Библиотекарите“ започнува на Канал 5

 

"The Librarians" - понеделник и вторник на Канал 5

 

Секои понеделник и вторник во 22 часот, веднаш по кратките вечерни вести, Канал 5 телевизија ќе емитува нова американска серија, а наскоро започнуваат и други играни содржини од светски продукции.

 

Bibliotekarite1

 

"Библиотекарите" е серијал снимен од продукциската куќа TNT, а базиран на успешната филмска трилогија "The Librarian". Како и филмовите, така и серијата ги прати авантурите на неколку членови на една древна организација чија задача е да ги пронајдат и чуваат моќните и таинствени артефакти.

 

Bibliotekarite2

 

Силата на злото станува толку голема што ќе го натера Флин присилно да ангажира четворица нови Библиотекари. Во борбата против Змијското братство, нему му се придружуваат тајната агентка Ева, генијалецот Џејкоб, таинствената Касандра и експертот за технологија, Езекиел. Артефактите мора да се спасат од сите злобни суштества и натприродни сили кои сакаат да завладеат во светот така што ќе направат тотален хаос.

 

Bibliotekarite3

 

Во главните улоги настапуваат Rebecca Romijn, Christian Kane, Lindy Booth, John Harlan Kim и John Larroquette, а досега серијата е емитувана на Universal каналите низ целиот свет.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012