54654

Место во репризите на МТВ доби и детската серија „5+ Фамилија“

 
Секое утро во 10.35 часот - реприза на Петко на Прва
 
 
Петко, Лина, Цветко и Комшо секојдневно ги учеа дечињата на здрава исхрана, ја подигнуваа еколошката свест и ги насочуваа најмладите на позитивно однесување во последната сезона која се емитуваше на Македонската телевизија.
 
 
Petplusodpondopet1


Емисијата "5 плус" е интерактивен тип емисија со забавно едукативен карактер,  комбинација од тематски емисии со интересни гости и интерактивни игри наменети за деца. МТВ веќе стана препознатлива со Алфа како телевизии кои постојано репризираат содржини, па така ред дојде и за оваа домашна серија.
 
Petplusodpondopet2
 

Покрај водителот, во емисијата има и маскота - кучето Петко. Маскотата има активна улога во емисијата и служи како поддршка на водителот при водењето на емисијата. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната  цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.
 
Petplusodpondopet3
 
"5 плус" е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде нов медиумски простор кој ќе образува и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
 
 
Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012