54654

ТВ Канал 5 ја тргна американската серија од прајмтајм

 

"The Librarians" - во доцните ноќни часови на Канал 5

 

Секои понеделник и вторник веднаш по кратките вечерни вести, нова американска серија започна на Канал 5 во 22 часот. По само 4 емитувани епизоди, од понеделник серијата менува термин. "Библиотекарите" ќе се емитуваат во 23.30 часот, а од 22 часот - српска емисија со Огнен Амиџиќ.

 

 Bibliotekarite3

 

"Библиотекарите" е серијал снимен од продукциската куќа TNT, а базиран на успешната филмска трилогија "The Librarian". Како и филмовите, така и серијата ги прати авантурите на неколку членови на една древна организација чија задача е да ги пронајдат и чуваат моќните и таинствени артефакти.

 

Bibliotekarite2

 

Силата на злото станува толку голема што ќе го натера Флин присилно да ангажира четворица нови Библиотекари. Во борбата против Змијското братство, нему му се придружуваат тајната агентка Ева, генијалецот Џејкоб, таинствената Касандра и експертот за технологија, Езекиел. Артефактите мора да се спасат од сите злобни суштества и натприродни сили кои сакаат да завладеат во светот така што ќе направат тотален хаос.

 

Bibliotekarite1

 

Во главните улоги настапуваат Rebecca Romijn, Christian Kane, Lindy Booth, John Harlan Kim и John Larroquette, а досега серијата е емитувана на Universal каналите низ целиот свет.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012