54654

Нова реприза на британскиот ситком „Дол и Ем“ на ТВ Телма

 

"Дол и Ем" -  репризно на Телма од понеделник до петок

 

Уште една реприза на веќе емитувана и веќе репризирана серија на Телма. Британскиот ситком "Дол и Ем", од понеделник до петок во 20.50 часот, пред вечерните вести на Телма.

 

DoliEm1

 

Серијата ја осмислија, а и глумат во неа Емили Мортимер (Newsroom, Shutter Island, Match Point) и нејзината најдобра пријателка од приватниот живот Доли Велс (Spy, Bridget Jones’s Diary). Покрај нив две кои ги толкуваат главните улоги, во серијата се појавуваат и низа познати актери во епизоди улоги како Сузан Сарадон, Енди Гарсија, Џон Кјузак итн.

 

DoliEm2

 

"Дол и Ем" е интимен и хумористичен портрет на женското пријателство. Дејството се одвива во Лос Анџелес, каде се упатила Ем со цел да создаде кариера во Холивуд. Решена да го сними својот филм, на Ем и е потребен асистент и така ја вработува Дол.

Од време на време, серијата е горко-слатка, понекогаш пресмешна, а понекогаш и емотивна. Секоја епизода е приказна за себе.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012