54654

По реприза, следува реприза на репризата на „Селфриџ“ на Телма

 

Од перото на Ендрју Дејвис започнала приказната за "Mr Selfridge"

 

На местото на репризата на "Шерлок", во попладневните термини на Телма ќе се репризира уште еднаш британската серија "Господин Селфриџ". По многу репризи, следува уште една реприза на "Селфриџ", овојпат во 16 часот.

 

Selfridzerepriza2

 

Од серијата се снимени четири сезони, а на Телма се емитуваа три. Дејството на Селфриџ е сместено во почетоците на 20 век во Лондон, време кога жените се препуштаат на задоволствата што им ги донела новата ера и новопечените слободи. Па така, во славната лондонска улица Оксфорд, Хари Селфриџ ги отвора вратите на својата стоковна куќа и на тој начин решава да им удоволи на сите припаднички на понежниот пол, да покаже почит и вредност.

 

Selfridzerepriza1

 

Низ призмата на иновацијата која Хари ја промовира во стоковната куќа, приказната разоткрива неописиви моменти од женската историја, било да се работи за мода, козметика, технологија или домаќинство. Неговиот живот е слика на тоа време. Во слободните денови бил коцкар, потоа среќно се оженил, но продолжил да ужива во гламурозните пејачки и филмски ѕвезди на тоа време. Бил неверојатен женкат, а животот го живеел во петта брзина. Животот му се менува кога неговата сопруга Роза умира во првата епизода.

 

Selfridzerepriza3

 

И сега, кога останува без жената, му останува неговата стоковна куќа, па затоа тој целосно се посветува на неа. Во негото малопродажно место, сите може да си најдат по нешто. Тоа е збир на ексцентрични, модерни и традиционални луѓе, кои се водат по неговото мото - дека купувањето треба е подеднакво добро како и сексот.

 

Selfridzerepriza4

 

Ова е сторија за екстравагантниот и визионерски натроен американски претприемач, но и за неговото семејство, чии драми и проблеми ќе го окупираат вниманието на Хари Селфриџ.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012