54654

Телма репризи - по којзнае кој пат повторно сплетки со Дел и Родни

 

Ситком со реприза во попладневни часови

 

По којзнае кој пат, Телма телевизија ќе ја репризира култната "Сплетки" околу 14.30 часот. "Сплетки" (Only fools and horses) е една од најпопуларните британски ситкоми, напишана од Џон Саливен, и емитувана на BBC помеѓу 1981 и 1991, а со повремени Божиќни специјални епизоди серијата трае до 2003.

 

Spletki1

 

Насловот на серијата е заснован на старата англиска поговорка "Only fools and horses work (for a living)" ("Само будалите и коњите работат за живот"), што е референца за избегнувањето на работата и данокот од страна на главните ликови. Насловната песна ја напишал и отпеал Џон Саливен.

Дејството е сместено во Пекам, Лондон. Главните улоги ги имаат Дејвид Џејсон како амбициозниот трговец Дерек "Дел Бој" Тротер, Николас Линдхерст како неговиот помлад брат Родни и Ленард Пирс како нивниот дедо во поодминати години (и подоцна Бастер Мерифилд како чичко Алберт). Во серијата има и повеќе одлични споредни улоги. Серијата го прикажува животот на браќата, со сите незгоди и успеси, особено нивните обиди да станат богати.

 

Spletki2

 

Серијата ја има накленоста како на јавноста, така и на критиката. Освоила повеќе награди, вклучувајќи признание од Британската академија, Национална телевизиска награда и Кралското телевизиско друштво, а истотака им помогнала на Саливен и Џејсон да освојат многубројни индивидуални признанија. На врвот на својата популарност, серијата имала 20 милиони гледачи само во Велика Британија. Избрана е за најдобра британска хумористична серија во една анкета на BBC во 2004.

Улогите ги толкуваат Дејвид Џејсон, Николас Линдхерст, Ленард Пирс, , Бастер Мерифилд, Роџер Лојд-Пак, , Џон Чалис и др.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012