54654

И во новата сезона репризи на Телма - реприза на крими серија во 16 часот

 

Реприза на британска серија на Телма

 

Британската серија "Обвинети", снимена од 2010 до 2012 година од страна на BBC во две сезони, е најавена во програмската шема на Телма за репризно емитување во 16 часот. По којзнае колку пати репризираната Селфриџ, сега е време за реприза на "Accused", емитувана на оваа фреквенција минатава сезона.

 

Obvinetinatelma1

 

Во серијата, секоја епизода носи нова и различна приказна која говори за луѓето кои завршуваат во судница. Но, дали на тие мажи и жени им е таму местото? Дали се невини, виновни или нивниот грев е некаде помеѓу вината и невиноста? Како што се развива секоја епизода, ќе гледаме што ги донело обвинетите на истражителната клупа и дали на крајот ќе завршат на слобода или зад решетки.

 

Obvinetinatelma3

 

Ова е современа драма за злосторството и казната, како што кажува режисерот Џими МекГоверн. Гледачите ќе го видат злосторството и ќе ја дочекаат казната за обвинетиот. Нема да се прикажат никакви полициски истраги, нема да се видат никакви полицајци или шерифи кои трчаат од станица до местото на злосторот и назад. Гледачите ќе го видат само злосторството и само казната, двете најважни секвенци во една криминалистичка драма.

 

Obvinetinatelma2

 

Меѓу обвинетите ќе се најдат големи британски актерски имиња како Christopher Eccleston, Benjamin Smith, Juliet Stevenson, Andy Serkis, Marc Warren, Naomie Harris, Sean Bean и Anne-Marie Duff. Во 2011 година, "Accused" добива ЕМИ за најдобра интернационална драма и најдобар актер, како и БАФТА за најдобар актер и најдобра споредна актерка.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012