54654

„Комшиските приказни“ продолжија на Алфа со втора сезона

 

Комичната серија со втора сезона на Алфа

 

Оваа есен на Алфа ќе се емитува втора сезона од домашната играна серија "Комшиски приказни". Дел од тимот на реализација (сценарио, режија) и во новата сезона се Елена Стојановска, Весна, Владо Младеновски, Димитар Банов и Марина Јовановска, потпомогнати од поискусните Стево Симски и Драган Вељановски, а актерската екипа ја сочинуваат Магдалена Ризова, Кирил Андоновски, Диме Коцевски, Благица Ристов, Винета Дамческа, Ердоан Максут, Теоман Максут, Марија Ѓоргијоска, Никола Колев, Андреа Голуб, Љупчо Ангеловски, Дарко Богески.

 

Komiskiprikaznisnimanje1

 

Телевизиската серија „Комшиски приказни“, како што вели Алфа, го потврдува живиот дух на македонските традиционални приказни. Тие биле исечоци од животот, од богатиот живот на народот на овие простори и со своите универзални пораки, еве, опстанале и до ден денеска. Веќе подолго време македонските народни приказни се креативно и поттикнувачко јадро и за современата телевизиска продукција.

 

Komiskiprikaznisnimanje2

 

Новата сезона приказни започна во саботата на 22 октомври и ќе се емитува секоја следна.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012