54654

Телма ќе репризира серија, емитувана премиерно на Сител пред 4 години

 

По "Борген", Телма со реприза и на друга серија емитувана на Сител

 

„Титаник: Крв и челик“ е телевизиска серија, снимена со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, која премиерно и ексклузивно во Македонија беше прикажана во 2013 година на Сител телевизија. Сител телевизија успеа меѓу првите телевизии во светот да ја откупи серијата за најпознатиот брод кој ја доживеа најголемата несреќа, а сега, 4 години потоа, Телма решава да ја репризира серијата.

 

Titnaiknatelma1


За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.

 

Titnaiknatelma2



Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“. Во продолжение погледнете ја спектакуларната најава на Сител од пред 4 години :

 

 

Освен репризата на Титаник, Телма оваа есен ќе ги емитува и британските серии "The pillars of the Earth" и "The Missing", емитувани во регионот минатите години.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012