54654

Излезе трејлерот за „На терапија“ - нѐ очекува мегахит на Сител

 

Никола Ристановски и Јелена Јованова ве покануваат на Сител

 

На само две недели пред почетокот на "На Терапија", излезе трејлерот за серијата која ќе постави нови стандарди во македонската продукција на играна програма.

 

Trejlerterapija

 

"Едно видео, милион емоции. Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат.

Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот. Низ кадрите може да се вкуси изведбата на низа комплексни карактери и уште покомплексни животни приказни." - со овие зборови најгледаната македонска телевизија ја најавува новата телевизиска серија за оваа есен.

 

 

Почитувани читатели, ве очекува спектакл кој не смеете да го пропуштите. Еуфоријата расте, гледачите се подготвени за на терапија. Сител телевизија е на две седмици од почетокот на новиот македонски хит. Подгответе се! Сесиите започнуваат на 18 септември.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012