54654

Oд 18. септември на Сител, ја запознавате пливачката во „На терапија“

 

Која е Ивана? Што крие таа? Има ли спас за нејзината болка?

 

Олимписка пливачка надеж чија надеж полека, но сигурно тоне. Ивана е само една жртва од пропаднат брак на своите родители, која спасот од семејните проблеми го побарала во спортот. Се вљубила во својот тренер, но поради тоа што таа врска не може да опстои, таа се обидела да се самоубие. Од 18 септември, Ивана ќе доаѓа на сесии кај доктор Виктор Терзиев, каде ќе ја отвори Пандорината кутија од која ќе излезат низа скриени тајни и фрустрации.

 

Ivananaterapija

 

Младата актерка Ангела Димитрова го толкува ликот на спортистката во новата лиценцирана серија "На Терапија" (Сител). Потсетуваме, широката популарност и гледаност на форматот „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

 

Ivananaterapija1

 

Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012