54654

Државната телевизија по трет пат ќе ја емитува „The Blacklist“

 

Блеклист - уште еднаш на МТВ 1, наместо репризата на "Куќа од карти"

 

Crnatalista3

 

Премиерно емитувана пред скоро две години на МТВ 1. Ланскиот септември серијата "Црната листа" беше репризирана на првиот канал на Македонската телевизија и тоа во прајмтајм. И сега... додека државните телевизии на земјите од регионот најавуваат низа домашни серии и премиерни странски серии за новата телевизиска сезона, нашата ни Македонска телевизија се одлучи за реприза на веќе репризирана серија. Од понеделник до петок на МТВ 1 околу 22-23 часот - реприза на американската "The Blacklist" (Црната листа).

 

Crnatalista1

 

Дејството на оваа мистериозна крими – драма се одвива во ФБИ, а ним на помош им е еден од најголемите криминални умови - Ред Редингтон. За улогата на Ред Редингтон во „Црна листа“, Џејмс Спајдер е номиниран за Златен Глобус во 2014-та и 2015-та за најдобар главен актер во серијата, а во 2014-та серијата е добитник на престижната „ЕМИ“ награда.

 

Crnatalista2

 

Режија: Мајкл Воткинс, Џо Карнахан
Улоги: Џејмс Спајдер, Меган Бон, Диего Клетенхоф, Амир Арисон
 
 
Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012