54654

Телма со реприза и во 17 часот - Енди Мек Дауел во „Седар Ков“

 

Реприза на ТВ серијата "Седар Ков" на Телма

 

"Судијката од Седар Кoв" е романтична драма, која се емитуваше на Телма, а од сега повторно со уште една реприза во 17 часот, на местото на италијанската "Антимафија". Базирана е на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ја гледавме Енди Мекдауел, а во продолжение потсетете се на содржината :

 

Cedarcove

 

Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.

 

Cedarcove2

 

Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија - Џастин и синот на Џек - Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата. Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се', да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале. 

 

 Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012