54654

Сител на чекор до ТВ револуција - вечерва стартува „На терапија“

 

Никола Ристановски и Јелена Јованова ве покануваат вечерва на Сител

 

Веднаш по вашата омилена серија - "Вљубениот ерген", следете го стартот на новата македонска играна серија. Кино Око продукција и Сител телевизија ве очекуваат пред малите екрани за сите заедно да ја проследиме приказната за психијатарот и неговите пациенти.

 

Trejlerterapija

 

Вечерва, ексклузивно на Сител телевизија започнува серијата која ќе постави нови стандарди во македонската продукција на играна програма. "На Терапија" e прва македонска серија, снимена по странска лиценца. Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

 

Ivananaterapija1

 

Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Широката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

 

18septterap

 

Почитувани читатели, ве очекува спектакл кој не смеете да го пропуштите. Еуфоријата расте, гледачите се подготвени за на терапија. Сител телевизија е на чекор од телевизиска револуција. Вечерва, веднаш по мега хитот "Вљубениот ерген" започнуваат сесиите во "На Терапија".

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012