54654

Домашна играна викенд серија „Фамилијата Марковски“ на Канал 5

 

Сабота и недела во 19.30 часот на Канал 5

 

Започмнувајќи од утре, сабота, во 19.30 часот на Канал 5 телевизија започнува македонската играна серија "Фамилијата Марковски". Режисер е Даријан Пејовски, а главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска.

 

Markovski1

 

Проектот „Фамилијата Марковски“ е во продукција на „Арт проект лаб“ Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Во серијата играат и Сабина Ајрула, Сашко Коцев, Горан Трифуновски, Драган Спасов – Дац, Нино Леви, Зоран Љутков, Ивица Димитријевиќ, Сара Климовска, Јовица Михајловски, Предраг Павловски и многу други. Во „Фамилијата Марковски“ голем дел од улогите ги толкуваат млади основци и средношколци кои првпат се појавуваат во телевизиски проект.

 

Markovski2

 

Во продолжение запознајте се со членовите на фамилија Марковски :

Плановите и амбициите на таткото во фамилијата Марковски, Иван се распаѓаат во времето на приватизацијата поради што прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност. Но, на тие денови им е дојден крајот ... Најголем поборник за правда во фамилијата Марковски е мајката Лиле. Но, нејзината издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.

 

Markovski3

 

Најстарото дете во фамилијата Марковски, Јана (27) се соочува со моралната дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува својот интегритет. Постариот син во фамилијата Марковски, Виктор (24) и покрај магистерската диплома се мачи да најде стабилна работа, а паралелно крие и огромна тајна од своите најблиски.

 

Markovski4

 

Најмалото дете во фамилијата Марковски, Бојан има 15 години и негова пасија е снимањето на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012