54654

Британскиот психолошки трилер „The Fall“ со Џејми Дорнан на МТВ

 

Наскоро на МТВ 1 - возбудлива крими драма

 

Оваа есен на Македонската телевизија започнува извонредниот британски трилер "The Fall", снимен во 3 сезони од 2013 до 2016 година. Во продолжение запознајте се со сижето на серијата, а наскоро објавуваме и детали за главниот актер и миленик на публиката.

 

Thefallnask1

 

Дејството е поставено во Белфаст, каде оперира убиец на кој полицијата не може да му влезе во трага. Во истрагата ќе се вклучи детективката Стела Гибсон (Џилиан Андерсон) која навистина знае како да се снајде во свет во кој доминираат мажи. Нејзина цел е да го открие убиецот кој планира совршени убиства, без да остави трага зад себе. Убиецот е лик по име Пол Спектор (Џејми Дорнан), лик кој однадвор никогаш не би рекле дека е способен за такви брутални убиства кои имаат сексуална нота.

 

Thefallnask2

 

Неговиот идентитет не е нешто што треба да го откривате, напротив, по само некоја минута во серијата го знаете неговиот лик. Тоа е доброто во оваа серија. Не е насочена кон тоа да ве тера вие да погодувате за ликот, туку ви ја прикажува главната игра која ја игра серискиот убиец и детективот кој треба да го улови.

 

 Thefallnask3


Серијата дава извонреден и воедно загрижувачки опис на еден сериски убиец. Тој не е изолиран, а сепак живее во сопствен свет. Има семејство, а способен е да измачува друго човечко суштество. Пол Спектор е силен и привлечен човек, за кој соседите би рекле дека е речиси совршен, но воопшто не е онаков каков што се прикажува. Преку епизодите ќе дознаете како успева да се маскира и што крие во себе, како и кои му се методите преку кои доаѓа до жртвите.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012