54654

„ТВ Бокс“ на Телма - како се создава реалноста на малите екрани

 

"Што е точно? А што е погрешно..? Си го помислил тоа?" - ТВ Бокс на Телма

 

Tvboks1

 

Од понеделник, 16 октомври во 22 часот на Телма телевизија започнува новата домашна играна серија "Тв Бокс". Врз база на истиот материјал од театарска претстава, а надоградена, е направена "Тв Бокс", мини серија во 5 продолженија.

 

Tvboks2

 

Како што споменавме, серијата е работена според истоимената театарска претстава, која е прв проект на независното здружение за афирмација Луменетика Проект. Серијата е работена во копродукција со 3Д Проџект Студио, во режија на Златко Славенски, a во неа настапуваат: Ангела Стојановска, Ирена Мирческа, Васко Костовски, Христијан Поп Симонов и Владанка Димковска.

 

Tvboks3

 

Дејствието на серијата  се одвива во една телевизиска станица, каде што имаме шанса да видиме како изгледа животот на телевизиските лица пред и зад камерите. Како вработените во телевизијата се справуваат со последиците од нивните одлуки на приватен и професионален план?

 

Tvboks4

 

Како се одлучува што ќе биде прикажано малите екрани во оваа ера на т.н. пост-вистина? Комбинирајќи ведар пристап и сериозни современи теми, ТВ Бокс ги опфаќа проблемите со кои се соочува современиот човек: од политиката до сексот, од готвењето до депресијата, од љубовните врски до корупцијата.

 

Tvboks5

 

Актерската екипа ќе каже дека TВ Бокс е слика за тоа како се претставува вистината денес, еден прекрасен луна парк во кој во собата со искрвени огледала најискривена е вистината и доказ за тоа дека соништата можат да се остварат дури и во најсуровите услови.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012