54654

„Бегалци низ бескрајот“ - научна фантастика на МТМ и локалните телевизии

 

 Научна фантастика на МТМ телевизија

 

Оваа есен на локалните телевизиски станици ширум земјава ќе се емитува австралиската научнофантастична серија "Бегалци низ бескрајот". Серијата е финансирана од компаниите на Џим Хенсон, Халмарк Ентертејнмент и СФ Канал, креирана од Рокне С. О'Банон и Брајан Хенсон, а извршен продуцент е Дејвид Кемпер.

 

Farskejp1

 

За прв пат емитувана во 1999 година, а завршила со снимање во 2003 година, кога била укината поради високи трошоци. За да не се остават гледачите без завршеток, следната година, 2004та снимено е продолжение, мини серијата "Фарскејп - војната на миротворците".

 

Farskejp3

 

Приказната го следи астронаутот Џон Крајтон, кој благодарение на неговиот експеримент за тестирање на забрзувањето на вселенинските летала, ќе се најде во друга галаксија. На новото место и во новиот простор, тој ќе најде заштита на биомеханичкиот брод Моја, но тука се Миротворците и Скараните, две негативни милитаристички сили кои навестуваат низа авантури, препирки и борба за власт во Галсаксијата.

 

Farskejp2

 

Улогите ги толкуваат Ben Browder, Claudia Black, Virginia Hey, Anthony Simcoe, Gigi Edgley, Paul Goddard, Lani Tupu, Wayne Pygram, Jonathan Hardy и др. Серијата на скопската МТМ ќе се емитува од понеделник до петок, започнувајќи од 30 октомври во 20:30 часот. Репризите се вечерта во 23.45 часот и наредниот ден во 12.10 и 17.10 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012