54654

Еве што ќе гледате во првата епизода на „Пад“ на МТВ 1 во понеделник

 

Ѕвездата на "50 shades of grey" во крими серија на Прва

 

Од 30 октомври (понеделник), започнува британскиот психолошки трилер "The fall" на МТВ 1. Серијата, добитничка на ЕМИ и Златен Глобус, ќе се емитува во понеделник и вторник во 22.05 часот.

 

Padprvaep2

 

Џилиен Андерсон и Џејми Дорнан ги играат главните улоги во овој напнат психолошки трилер за двајца „ловци”. Едниот од нив е масовен убиец кој напаѓа случајно одбрани жртви, а другиот ловец е успешна и амбициозна инспекторка чија задача е да го фати убиецот. Во почетокот, тимот во Белфаст не ја прифаќа најдобро, но со текот на времето таа успева да докаже дека одлично ја познава психологијата на масовните убијци и знае што треба да прави.

 

Padprvaep1

 

 Откривајќи како работи модерна екипа од врвни истражители, кога се соочуваат со ноќен кошмар на секој полицаец, оваа интригантна серија повеќе изгледа  како игра меѓу мачка и глушец отколку на класичен криминалистички заплет. Како што се одвива дејствието, ловот по убиецот станува повозбудлив, а истражителските способности на инспекторката Гибсон се пред големо искушение.
 
Padprvaep3
 
Во првата епизода се запознаваме со двајцата главни ликови - убиецот и инспекторката. Инспекторката Стела Гибсон доаѓа во Северна Ирска за да помогне во истрагата  за убиството на една жена во Белфаст. И додека патува од Лондон, гледачите дознаваат многу работи за убиецот Пол Спектор. Тој вешто се прикрадува во замрачената куќа на младата правничка Сара Кеј, и и' остава своја „визит-карта“, на тој начин што и' ја подредува облеката врз креветот.
 
Padprvaep4
 
Кога ќе дојде дома, Сара се шокира од глетката и повикува полиција, но детективите се немоќни бидејќи не можат да откријат никакви знаци на грабеж. Кога Спектор се враќа дома, го гледаме во сосема поинакво издание, каде што го дочекуваат две деца и вљубена сопруга.
 
 
Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012