54654

Нова македонска серија „Инсјадер“ на Телма, запознајте ги ликовите

 

Понеделник - петок, по Топ тема ќе се емитува македонска продукција

 

Од понеделник, 30 октомври во 20.30 часот, веднаш по "Топ тема" на Телма телевизија започнува новата македонска играна серија "Инсајдер". Серијата ќе се емитува од понеделник до петок во вкупно 26 продолженија. Централна тема на "Инсајдер" е секојдневната борба за опстанок на една мала новинарска редакција која ги третира сите актуелни предизвици и проблеми со кои се соочува општествотo во нашата земја.

 

Insajder2

 

Во серијата, неделникот „Инсајдер“ се занимава со сите актуелни прашања во земјата и надвор: корупцијата и криминалот на сите нивоа во општеството, уништеното јавно здравство, хаосот и незадоволството во образованието, социјалните случаи и бедата на сиромашните, злоупотреби на службената положба, нетолеранцијата и омразата, отселувањето на луѓето, особено на младите, расипништвото со јавните пари, политичките интриги и игри и ерозијата на културните вредности.

 

Insajder13

 

Првата сезона на „Инсајдер“ ја режираат Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Продукцијата на серијата е на Телевизија Телма и „Слобода филм“.

 

Insajder12

 

Главните улоги на медиумски работници им се доделени на познатиот српски актер Светозар Цветковиќ, како и на докажаните домашни имиња како Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

Во продолжение ве запознаваме со ликовите на "Инсајдер" :

 

Insajder7

Лазар е сопственик на "Инсајдер", со богато политичко минато исполнето со подеми и падови.

 

Insajder3

Наталија, главен уредник на неделникот, jа интересира само кариерата, и ретко нешто надвор од тоа.

 

Insajder5

Како заменик главен уредник на "Инсајдер", Тихомир има остро перо и неверојатна преданост кон работата. Неговата долгогодишна новинарска кариера го однесе низ канцелариите на сите значајни дневни и неделни весници во Македонија, но никој тоа не го знае затоа што секогаш пишува под псевдоним.

 

Insajder4

Кристина е дама од високата култура. Секогаш изгледа добро и е одлично облечена. Таа е најмолчаливиот член на тимот, но со цврст и јасен став за сите важни етички прашања.

 

Insajder6

Најамбициозен од редакцијата на "Инсајдер" е економскиот уредник Драган. Пријател на целата бизнис заедница, често се движи во круговите на важни банкари, бизнисмени и останати личности од јавниот живот.

 

Insajder8

Најмладиот член на екипата на е фоторепортерот Антонија. И покрај младоста, таа е еден од водечките фоторепортери кој што секогаш е во сржта на настаните. Таа има проблем со постарите колеги кои мислат дека е преценета и прерано узреана ѕвезда.

 

Insajder9

Врвен новинар и истражувач, Александар е членот кој што секогаш е во потрага по најновата афера. Живее бурен живот исполнет со адреналин, младешки и безгрижно.

 

Insajder10

Мирела е задолжена за интервјуата во "Инсајдер". Таа има талент да извлече се од соговорникот,па дури и тоа што тој никако не би сакал да го открие. Мирела е самохрана мајка, па фактот дека самостојно ја расне својата ќерка и го отежнува извршувањето на работните обврски.

 

Insajder11

 Дејан е тивок, примерен, исполнителен и физички незабележителен. Под сето тоа се крие многу прониклив и аналитичен член на тимот на "Инсајдер", кој ќе биде со вас веќе од понеделник на Телма. 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012