54654

Многу нова музика... и нова забава со „Меѓи и Бјанка“ на Сител

 

Сабота и недела наутро околу 10.30 часот

 

Megiibjanka2

 

Од овој викенд на Сител телевизија во 10.30 часот наутро започнуваат новите епизоди од тинејџерската серија "Меѓи и Бјанка", надсинхронизирана на македонски јазик. Тин ситкомот за модерните пријателки е во италијанска продукција и се уште во фаза на емитување во матичната земја. Во улогата на Меѓи ја гледаме италијанската актерка Емануела Реи, а во улогата на Бјанка ќе настапи Џорџија Бони.

 

Megiibjanka1

 

За потсетување, серијата започна кога американското девојче Меѓи добива стипендија за да учи на Академијата за мода во Милано, наjпрестижно училиште од тој тип во целиот свет. Во новото училиште се запознава со Бјанка, ќерка на моќен и богат италијански магнат во модната индустрија.

 

 Megiibjanka3

 

Двете доаѓаат од сосема различни средини и имаат спротивни карактери, па затоа меѓусебното запознавање нема да помине сјајно. Но, како минуваат деновите, Меѓи и Бјанка успеваат да се запознаат подобро и заедно да зачекорат кон врвот во модниот свет. Истовремено, формираат музички бенд во кој ќе ги покажат своите музички таленти и способности.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012