54654

Инфо | Познатиот руски ситком „Кујна“ во 17:45 часот на ТВ 24

 

Популарната руска серија стартуваше на ТВ 24

 

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 се емитува руската хумористична серија "Кујна", снимена во 120 продолженија од 2012 до 2016 година. Дејството на серијата се одвива во Москва, во еден руски ресторан кој ја негува француската кујна. Низ многу драматични и комични ситуации поминуваат сите готвачи и цел персонал кој работи во тој ресторан.

 

Kuhinja2

 

Во ресторанот "Клод Моне" ќе се запознаеме со новиот готвач Макс, менаџерката Вика, шефот на кујната Витје, барменот Костја, келнерката Настја, како и со останатите чистачки, готвачи, подготвувачи на риба, десерти итн.

 Серијата се смета за најскапо снимен ситком во руската кинематографија, кој веќе се емитуваше во Србија, Хрватска, Бугарија и останатите земји во регионот.

 Kuhinja1

 

Хуморот на оваа серија е малку поразличен од американските ситкоми и со самото тоа освежувачки, но и храбар. Само за илустрација, во првата епизода, протагонистот Макс се обложува со главниот готвач дека ќе зготви нешто толку вкусно што цел ресторан ќе сака да порача од тоа. Ако не успее, ќе замине од ресторанот сосема гол!

 

 

Ова е серија која ветува добра забава што произлегува од непредвидливите комични ситуации. Секако, каде има добра храна таму има и многу љубов. 17.45 часот, репризно во 22.30 часот, телевизија 24.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012