54654

Авантурите на „Докторот од планината“ во новата серија на Сител

 

Сабота и недела во 18 часот - нова семејна драма

 

Од овој викенд, Сител телевизија започнува со емитување на познатата германска драмска серија "Докторот од планината", која се емитува од 2008-та година па до ден денес. Досега се снимени над 100 продолженија, а серијата веќе се емитуваше во дневните термини и во земјите од регионот.

 

Doktorodplaninata1

 

Во серијата се запознаваме со хирургот Мартин Грубер, кој по пет години патувања во Минхен, Париз и Њујорк, решава да се врати во своето родно село по повод роденднеот на неговата мајка. Кога доаѓа во Елмау, се шокира од трагедијата што се случила - починала неговата некогашна најголема љубов, жената која се омажила за неговиот брат Ханс. По погребот, по долго време, повторно го среќава својот ментор, доктор Роман и својата внука од брат, Лили. Доктор Роман му предлага на Мартин да ја превземе неговата ординација во селото, затоа што самиот планира да се пензионира.

 

Doktorodplaninata2

 

На почетокот, др Мартин не е сигурен дали треба да ја прифати понудата или не, но неколку фактори ќе влијаат на тоа да самиот тој остане во местото. Открива дека Лили не е негова внука, туку негова ќерка, а имајќи ја и во предвид потребата на селаните од неговата медицинска помош, решава да остане во селото, да ја превземе ординацијата и да стане доктор во планината.

 

Doktorodplaninata3

 

Секоја епизода, нова приказна. Секоја епизода, нов обид на Мартин и Ханс да ги спасат жртвите од несреќи во планината или планинарите заробени од изненадувачките бури. Прекрасен, но опасен планински амбиент ги очекува јунаците на оваа медицинска драма. Топла семејна приказна снимана во недопрената природа на Алпите. Драматична и возбудлива комбинација на емоции, акција и извонредна актерска екипа.  Секоја сабота и недела, во 18 часот на Сител, нова играна серија - "Докторот од планината".

Улоги :  Hans Sigl, Heiko Ruprecht, Monika Baumgartner, Ronja Forcher, Natalie O’Hara, Siegfried Rauch

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012