54654

Гледачите збунети : кога во ноќта одат репризи на сериите на ТВ 24 ?

 

Репризите на "Кујна" и "Андрија" секојпат во различен термин ?

 

Телевизија 24 од неодамна започна со емитување на популарниот руски ситком "Кујна" кој насобра огромен број фанови секаде каде што се емитуваше. Преку фреквенцијата на 24, македонските гледачи имаат шанса да уживаат и се насмеат со згодите и незгодите на персоналот во еден руски ресторан. Премиерните епизоди започнуваат во 17.45 часот, иако некогаш може да се случи да почнат нешто подоцна, околу 18 часот. Но, кога се емитуваат репризите на серијата - прашуваат гледачите кои се обратија до нашиот портал.

 

Kuhinjatermin1

 

Најчесто репризите се емитуваат по 22 часот, некогаш и 23 часот, но вчеравечер репризата на епизодата започна ни помалку, ни повеќе туку во 23 часот и 50 минути.

Во програмската шема на ТВ 24, која може да се погледне во некои од програмските водичи, серијалот "Кујна" воопшто и не постои. Програмата на телевизијата сѐ уште не е ажурирана, така да емитувањето на руската комедија како воопшто и да не се одвива.

 

Kuhinjatermin2

 

Слично е и со српскиот ситком "Андрија и Анѓелка". Гледачите никогаш не беа точно информирани кога започнува нова сезона од ситкомот, и кога воопшто оди репризното издание, ако премиерното се прикажува во 18.15 часот. Не постои точна програмска шема, не постои ТВ распоред на кој би се информирале гледачите, па така останува единствената солуција - гледачот да "дежура" на оваа фреквенција и да почека да види кога започнуваат репризите од омилените ситкоми.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012