54654

Историската драма „Столбовите на земјата“ во 20:40 часот на Телма

 

Борба за тронови во едно кралство - од понеделник на Телма

 

Pillarstelma1

 

The Pillars of the Earth е мини серија во 8 продолженија, базирана на бестселерот на Кен Фолет, со истиот наслов. Серијата беше номинирана за престижните награди Златен Глобус, а од понеделник започнува со емитување на Телма телевизија. Секоја вечер во 20.40 часот по половина епизода од историската драма "Столбовите на земјата".


Pillarstelma2

 

Дејтвието се врти околу градењето на една катедрала во фиктивниот град Кингсбриџ во периодот на Анархијата во 12 век. Приказната започнува кога градителот Том ќе остане без работа и ќе биде оставен да талка низ Британското кралство во потрага по работа, водејки ги сосебе синот и ќерката, како и болежливата сопруга која чека трето дете.

 

Pillarstelma4

 

Откако една студена и зимска ноќ, Том ќе ги загуби сопругата и новороденчето, се упатува кон Кингсбриџ, каде што ќе му биде понудено да изгради катедрала. Во Кингсбриџ ќе ја запознае Елен, преубава жена за која кружат гласини дека е вештерка.

Во борбата за тронови се вмешуваат најмоќните власници во местото. Надбискупот ќе стори сѐ за да ја добие титулата, но тука се и другите ликови кои нема да стојат рамнодушно пред одлуката за превласт и немилосрдна битка за моќ.

 

 Pillarstelma3


Улоги:Ian McShane, Rufus Sewell, Matthew Macfadyen, Eddie Redmayne, Hayley Atwell, Liam Garrigan, Tony Curran, Sarah Parish и др.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012