54654

Музика и мистерии во новата детска серија „Гоуст рокерс“ на Сител

 

Нова надсинхронизирана викенд серија за деца

 

По "Куќата на Анубис" и "Меѓи и Бјанка", Сител телевизија носи уште една слична серија за деца. "Гоуст рокерс" е белгиска серија во продукција на Студио 100, од која досега се снимени над 200 епизоди во времетраење од 12 минути. Се емитува на белгискиот канал Кенет, холандскиот канал РТЛ Телекидс, НРК Супер во Норвешка, како и на детските канали Мегамакс во Молдавија, Романија, Унгарија, Чешка, Словачка.

 

Ghostrockers1

 

Новата серија носи нови авантури на нови детски јунаци. Мила, Јонас, Чарли, Алек и Јими одат во исто училиште за танц, глума и музика. По часовите се собираат во училишниот подрум за да свират на инструменти, кои одненадеш... започнуваат да свират автоматски и паранормално штом ги земеш во рака.

 

Ghostrockers2

 

Тука има нешто чудно и мистериозно за децата, па така тие ќе откријат дека во подрумот се убиени членовите на музичкиот бенд The Freebirds. Од епизода во епизоди, гоуст рокерите ќе се обидуваат да ги откријат убијците на музичкиот бенд.

 

Ghostrockers3

 

Улогите ги толкуваат младите белгиски актери Tinne Oltmans, Juan Gerlo, Marie Verhulst, Elindo Avastia, Wout Verstappen, Justine De Jonckheere. Серијата може да ја следите секоја сабота и недела околу 10 часот и 30 минути наутро во утринскиот цртан блок на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012