54654

Викa од „Кујна“ се развела поради афера со колегата од серијата?

 

"Fasion people" ја одбра за најмодерна глумица на 2014-та година

 

Рускиот ситком "Кујна", кој го пратите секојдневно на фреквенцијата на ТВ 24, за кратко време постигна светска популарност и покажа дека руската продукција допрва ќе ги освојува гледачите низ светот.

 

Vikiodkujna1

 

Јелена Иљиничка Поткаминска е 38-годишна руска актерка која во комичната серија ја толкува улогата на Викa, менаџерка nа францускиот ресторан "Клод Моне" околу кој се случуваат сите згоди и незгоди на јунаците во серијата.

Висока е 170 цм, тешка 52 кг, а освен во актерството, позната е и по тоа што успешно се испробала и како фотомодел, позирајќи за насловната страна на списанието "Максим".

 

Vikiodkujna2

 

Руските медиуми се согласни - Јелена е врвна убавица во сјајна форма. Позната е и по учество во руската верзија на "Танц со ѕвездите" каде играла заедно со својот партнер Андреј Карпов, а одлична е и по лизгањето на мраз.

Во 2015-та година се разведува од сопругот, а жолтиот печат на големо пишува за нејзината афера со колега од ТВ серијата "Кујна", актерот Марк Богатиријев (Макс).

 

Vikiodkujna3

 

Овој актер едно време дури и западнал во психичка криза, за што новинарите причината ја наоѓаа токму во неговата "Викa". За цело време, актерите ги игнорирале натписите во медиумите и продолжиле професионално да се занимаваат со феноменот наречен "Кујна".

 

Vikiodkujna4

 

Сите афери, Јелена ги демантирала така што се омажила по втор пат и тоа повторно со руски бизнисмен и претприемач, за што единствена грижа ѝ било нејзината ќерка Полина од првиот брак да го прифати новиот очув.

 

Vikiodkujna5

 

Во третата сезона на "Кујна", која започнува со емитување на ТВ 24, гледаме една сосема поинаква Викa. На барање на продуцентите, таа морала да си ја скрати косата, а и да направи промени во бојата на шминката, така што на тој начин менаџерката ќе може да си ја обнови врската со готвачот.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012