54654

„Сенки над Балканот“ е најгледана ТВ програма за 2017-та во Србија

 

Поради големиот успех, планирана и втора сезона

 

Политичката трилер драма "Сенки над Балканот" е најгледаната телевизиска програма во Србија за минатата, 2017-та година. Вкупно 10 епизоди и просечен рејтинг од 18,2 проценти. Просечен удел на гледаноста на серијата е 37 проценти, односно околу 2 милиони жители на Србија секоја недела биле со програмата на РТС, следејќи ја сагата за Балканот како крстосница на политика, интерес и капитал.

 

Senkinagledanats1

 

За потсетување, се работи за интернационална копродукција меѓу Кобра Филм (Србија), Искра (Русија) и Скопје Филм Студио (Македонија), во соработка со Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Српска Република и Македонска радиотелевизија, и со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Горан Бјелогрлиќ, а главен сценарист и главна улога е Драган Бјелогрлиќ.

 

Senkinagledanats2

 

На МТВ 1, последната, 10-та епизода ќе биде емитувана оваа недела на ден Божиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012