54654

Рускиот класик „Војна и мир“ од овој викенд ќе заживее на ТВ Сител

 

Сабота - недела, 17 часот - филмска екранизација на делото на Толстој

 

Четири продолженија во два викенда. Оваа сабота (13 јануари), оваа недела (14 јануари), како и следната сабота (20 јануари) и следната недела (21 јануари) на телевизија Сител во 17 часот ќе биде емитуван мини серијалот "Војна и мир", екранизација на најпознатиот руски класик на Толстој.

 

Vojnamirsitel1

 

Во "Војна и мир" ги следиме настаните кои довеле до француската инвазија на Русија, како и влијанието на ерата на Наполеон врз царистичкото општество, што се гледа преку судбините на неколку руски аристократски семејства. Во живи слики е прикажано расипништвото и подлоста на највисокото друштво, бесмислениот живот на московските благородници, кариеризмот на јавните работници, неспособноста и себичноста на воените старешини.

 

Vojnamirsitel2

 

„Војна и мир“ започнува за време на една воена ноќ помеѓу Франција и Русија. Аристократите на еден коктел загрижено зборуваат за насилството кое надоаѓа, но потоа ја менуваат темата зборувајќи за работите за кои аристократите очигледно најмногу се грижеле: пари, секс и смрт.

 

Vojnamirsitel3

 

Наместо главни ликови, гледачите се сведоци на една голема мрежа на врски и прашања. Дали несреќниот и нелегитимен син на еден гроф ќе се ожени со една преубава принцеза која обожава да прави сплетки? Дали неговиот единствен пријател ќе ги преживее австриските воени полиња? А што ќе се случи со таа фина, млада девојка која ќе се заљуби во двајца мажи истовремено? Вистинските историски ликови се мешаат со сите овие измислени луѓе.

 

Vojnamirsitel4

 

Љубов, интриги, желба за победа и желба за мир, судир меѓу богатите и сиромашните, приказ на една историска Русија. Серијата е во копродукција на луѓе од Русија, Франција, Германија, Полска и Италија. Режијата му припадна на Роберт Дорнхелм, а сценариото беше напишано од страна на Лоренцо Фавела, Енрико Медиоли и Гевин Скот.

 

Vojnamirsitel5

 

Мини серијалот се закити со многубројни меѓународни признанија и награди, а во него Александар Бејер ја игра главната улога на Пјер, а останатата актерска екипа ја сочинуваат Малколм Мекдауел, Клеменс Поеси, Алесио Бони, Пилар Абела, Џ.Кимо Албас, Кен Дукен, Џуозапас Бегдонас и Тони Берторели.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012