54654

Инфо | Играната серија „Докторот од планината“ од сега во 14 часот

 

Сабота и недела во 14 часот - нови епизоди

 

Од овој викенд, Сител телевизија го менува терминот на емитување на германската драмска серија "Докторот од планината". Ако досега се емитуваше за викенд во 18 часот, од сега ќе биде исто така за викенд но во 14 часот. Досега од оваа драма се снимени над 100 продолженија, а серијата веќе се емитуваше во дневните термини и во земјите од регионот.

 

Doktorodplaninata3

 

 За потсетување што гледавте во првите епизоди од серијата - се запознавме со хирургот Мартин Грубер, кој по пет години патувања во Минхен, Париз и Њујорк, реши да се врати во своето родно село по повод роденднеот на неговата мајка. Кога доаѓа во Елмау, се шокира од трагедијата што се случила - починала неговата некогашна најголема љубов, жената која се омажила за неговиот брат Ханс. По погребот, по долго време, повторно го сретна својот ментор, доктор Роман и својата внука од брат, Лили. Доктор Роман му предлага на Мартин да ја превземе неговата ординација во селото, затоа што самиот планира да се пензионира.

 

Doktorodplaninata2

 

На почетокот, др Мартин не е сигурен дали треба да ја прифати понудата или не, но неколку фактори ќе влијаат на тоа да самиот тој остане во местото. Открива дека Лили не е негова внука, туку негова ќерка, а имајќи ја и во предвид потребата на селаните од неговата медицинска помош, решава да остане во селото, да ја превземе ординацијата и да стане доктор во планината.

 

Doktorodplaninata1

 

Секоја епизода, нова приказна. Секоја епизода, нов обид на Мартин и Ханс да ги спасат жртвите од несреќи во планината или планинарите заробени од изненадувачките бури. Прекрасен, но опасен планински амбиент ги очекува јунаците на оваа медицинска драма. Топла семејна приказна снимана во недопрената природа на Алпите. Драматична и возбудлива комбинација на емоции, акција и извонредна актерска екипа.  Секоја сабота и недела, во 14 часот на Сител, нови продолженија од играната серија - "Докторот од планината".

Улоги :  Hans Sigl, Heiko Ruprecht, Monika Baumgartner, Ronja Forcher, Natalie O’Hara, Siegfried Rauch

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

1111ivan Baner

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012