54654

„Арн Дал“, уште една шведска крими серија навечер на МТВ 1

 

Нова играна серија во вечерниот термин на Прва

 

Откако завршија Зимските Олимписки игри, МТВ ги враќа во програмата европските крими серии. Од понеделник до петок во 22.15 часот следува нова скандинавска трилер серија.

 

ArneDal1

 

Се работи за шведската криминалистичка серија "Арн Дал" за еден елитен одред истражители. Екранизација на серијалот на романи на Јан Арналд, кој овие дела ги издал под псевдонимот Арн Дал. Екранизирал вкупно 10 романи, секој по 180 минути. Арн Дал се смета за еден од најдобрите скандинавски писатели на крими романи. Неговите книги се продадени во повеќе од 4 милиони примероци и се преведени на над 30 светски јазици.

 

ArneDal2

 

Серијата претставува вистинско уживање за љубителите на жанрот „нордик ноар“, а во средиштето на овој мрачен трилер се наоѓа тим од одлични детективи и стручни лица кои максимално се посветени на работата. Злосторствата што ги истражуваат се свирепи и многу комплексни, а тимот мора да ги открие внатрешните мотиви на извршителите и нивните скриени цели. Серијата е скандинавски мрачна, одлично направена, и повеќепати наградувана.

Режијата е на Харалд Хамлер, а улогите ги толкуваат Малин Арвидсон, Ирене Линд, Шанти Рони, Магнус Самјуелсон.

 

Дани | ТВ Пакете

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012