54654

Следуваат последните епизоди од втората сезона на омилената „Преспав“

 

вторник - среда, 19 часот, крај на сезоната за пансионот во Преспа

 

Дружењето со домашната хит комедија се ближи кон крајот. Денеска и утревечер во 19 часот на ТВ 24 ќе бидат емитувани последните две епизоди од втората сезона на вашата омилена "Преспав".

 

Poslednidnedvasez1

 

И оваа сезона уживавте во урнебесните ситуации со вашите најсакани Јелена, Марио, Талат, Ула, Коста, Миле и Тони. Првата средба со Џамвазов беше во епизодата со Преси, езерското чудовиште, а за судбината на Преспав на многупати се плашевме во епизодите за Поткуп, Лихвари, Инспекторка Ленка итн.

 

Poslednidnedvasez2

 

Плачевме од солзи со нашите омилени рецепционери во Веслав и Стрико од Америка, а во епизодата со спорот со името, видовме хумористичен приказ на актуелната политичка ситуација.

 

Poslednidnedvasez3

 

И така... останаа само уште две епизоди од оваа сезона на "Преспав". Што не очекува на крајот на оваа сезона, гледаме вторник и среда во 19 часот на ТВ 24. Репризите се вечерта во 22.30 часот. "Преспав" стана поим за квалитет во македонската домашна продукција и од таа причина, гледачите очекуваат и во иднина, нови сезони од хит ситкомот.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012