54654

Македонката се расплака и „растури“ на сцена - Балканот се поклони

 

Македонското девојче се пласираше во 6. круг од Пинковите ѕвездички

 

И покрај тоа што "Пинковите ѕвездички" повеќе не се емитуваат на македонските телевизии, сепак македонските фанови со задоволство го пратат шоуто преку кабловските оператори и интернет видеата.

 

Miapolsko1

 

Во најновото издание од најновата сезона на Ѕвездичките, настап на нашата Миа Мустафа. "Полско цвеќе" од легендата Проески беше првата песна со која Миа се претстави пред жири комисијата. Може малку го заборави текстот, но одлично се снајде на сцена и се "извади" како што тоа го прават само најголемите и нахрабри светски музички ѕвезди.

 

 

Песната ја погоди нашата Македонка која не можеше да ги сокрие солзите на сцена, и токму тој настап и тие моменти ги разнежнија срцата на сите оние кои со задоволство уживаа во нејзиниот моќен настап. Миа "растури" со "Полско цвеќе", а ја зацврсти својата вечерна позиција со втората песна - "You know, I am no good".

- Ти пееш како пејачка која од настап во настап е сѐ поискусна и поискусна. Песната на Тоше ја отпеа со отворен глас, а онаа другата ја пееше во фазон на Ејми Вајнхаус и потполно нѐ убеди дека настапуваш како на светска сцена. Облечена си како на доделување на светски награди. Сѐ што е поврзано со тебе е на вистинскиот пат - искоментира Леонтина.

 

 

Сите петки од стручното жири и громогласен аплауз на крајот од двата настапи. Миа покажа и докажа дека гордо го следи патот на нашите претходни учесници како Трајче, Мартија и Антониа. Натпреварот за неа продолжува и во шестиот круг сѐ до големото финале, за кое држиме палци.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012