54654

Воената мини драма „Саботери“ во вечерниот термин на МТВ 1

 

"Kampen om tungtvannet" по 22.15 часот на Прва

 

На местото од првата сезона на шведската "Арн Дал" на Прва во вечерниот термин доаѓа нова скандинавска серија, работена во продукција мна Норвешка, Велика Британија и Германија.

 

Saboteri1

 

Нова мини серија за едно од најдраматичното, но и најмалку познато поглавје од Втората светска војна - обидот на нацистичка Германија да направи нуклеарна бомба. Серијата зборува и за германските научници кои користеле уреди за производство на тешка вода во Норвешка за добивање ураниум, главна компонента за производство на атомска бомба, како и за плановите за саботажа на тие уреди. По неколку дена марширање низ длабок снег, шестмина норвешки командоси конечно пристигнуваат на една планинска висорамнина над норвешкото гратче Рјукан.

 

Saboteri2

 

Таму се среќаваат со уште четворица војници кои учествувале во претходни неуспешни обиди за саботирање на централата. Во прашање е многу тешка задача, но влогот е преголем - да се спречи Хитлер да направи атомска бомба.

Главните улоги во оваа историско воена драма ги толкуваат Еспен Клоуман Хејнер, Кристоф Бах, Ана Фрил, Пип Торенс, Денис Сторхеј

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012