54654

Втората сезона од серијата за градот на Бетмен продолжува на Телма

 

Крими серијата на Warner Bros и Фокс продолжува на Телма

 

Gotamnatelma3

 

Од среда, 2 мај, во 20.30 часот на Телма телевизија започнува втората сезона од крими акцијата "Готам". Од понеделник до петок по Топ Тема ќе ја следите приказната за градот Готам во времето пред Бетмен. Приказната започна со убиството на родителите на малиот Брус Вејн, а во центарот на настаните во првата сезона беше детективот Џејмс Гордон кој се бори против криминалот кој владее во овој град.

 

Gotamnatelma2

 

Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…

Веќе во почетокот на новата сезона, Гордон е отпуштен и се здружува со Кобелбот со цел да биде вратен. Освен овие ликови, се запознаваме и со други кои ќе решаваат случаи на убиени манијаци од лудницата Аркам.

 

Gotamnatelma1

 

Војната која ќе го преземе овој град и понатаму ќе носи голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. 

 

Gotamnatelma5

 

Главните улоги ги толкуваат Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд Лог, а во САД во моментов се емитува четвртата сезона.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012