54654

Полноќно дружење на Телма со американската верзија на „Shameless“

 

Вилијам Мајси во "Безсрамници" на Телма секоја ноќ

 

Од понеделник, 30 април на Телма телевизија стартува американската серија "Бесрамници", која ќе се емитува од понеделник до петок на полноќ, категоризирана како програма 16+.

 

Shamalessustelma1

 

Серијата го следи дисфункционалното семејство на Фрeнк Галагер, самохран татко на шест самостојни и духовити деца. Додека тој ги поминува деновите пиејќи низ баровите во Чикаго, неговите деца учат да се грижат самите за себе без срам. Од шесте Галагер деца Фиона е најстарата, а Лијам е само бебе кога започнува серијата. Фиона е таа која се грижи најмногу за останатите и која ја има улогата на татко и мајка во домот.

 

Shamalessustelma5

 

Нивната биполарна мајка Моника ги напуштила, а таткото Френк е алкохоличар кој иако е присутен во куќата е тотално незаинтересиран ниту за домот, ниту за децата.  Секое од децата поради ова е без родителски надзор и секоевидело работи кои што деца на нивна возраст не треба да ги видат, фактор кој само придонесол самите деца од мала возраст да се грижат еден за друг и искрено предвреме да пораснат.  Да не го споменуваме  моментот кои децата се најдоа во рацете на социјалните служби и беа сместени во посебни домови или беа посвоени.

 

Shamalessustelma3

 

Серијата следната година ќе доживее и деветта сезона на мрежата на Showtime со вкупно 96 епизоди досега снимени и емитувани во САД. Наградена е со многу признанија како PRISM Awards за најдобра комедија, актер и актерка, BMI Film & TV Awards за најдобра музика во серија, Screen Actors Guild Awards за најдобар актер во комедија, престижните Primetime Emmy Awards за најдобра актерка во комедија, Screen Actors Guild Awards за најдобар актер.

 

Shamalessustelma4

 

Покрај овие награди кои ги има добиено, серијата е номинирана и за уште десетици награди како оние на People's Choice Awards, Critics' Choice Television Awards, GLAAD Media Awards, Young Artist Awards, Satellite Awards и Golden Globe Awards.

 

Shamalessustelma2

 

Ова е серија која што изобилува со толку мрачна, сурова, урнебесно хумористична и „бесрамна“ реалност како што кажува и самиот наслов. Од понеделник дознавате зошто ова семејство е "црна овца" во соседството на Чикаго. Запознајте ги бесрамниците Галагер.

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012