54654

Полициската единица „Катуранди“ во новата италијанска серија на МТВ 1

 

12 епизоди полни со акција и големи пресврти

 

Од вторник, 15 мај во 23 часот на првиот канал на МТВ ќе се емитува италијнската крими серија "Катуранди". Мафијата е со генерации составен дел од животот на Сицилија, но една тајна група се обидува да ја запре. Катуранди е посебен полициски одред чија единствена задача е да ги лови членовите на мафијата, но никој не знае кои се тие. Тие можат да се видат само кога апсат мафијаш. Тоа се луѓе „без имиња и без лица“ и кога ја спроведуваат „операцијата“ носат маски за да не ги идентификуваат. Државата ѝ објавува војна на мафијата преку специјалниот тим кој работи во Палермо.

 

Katurandiserija1

 

Катуранди е елитна полициска единица од Палермо која е посветена токму на прогонување и апсење на најбараните бегалци на правдата. Членовите на Катуранди се експерти за електронски надзор, способни да постанат невидливи, а еден од нивните најсилни адути е Палма Тоскано, импулсивна, страсна и посветена млада жена, решена да ги улови сите, се до последниот водич на најмоќната криминалистичка организација на светот, Натали Скијаку.

 

Katurandiserija2

 

Во Палермо, каде се одвива оваа акциона драма, Палма ќе сфати дека ништо во животот не е онакво какво што се чини. Ќе сфати дека најопасните измамници и криминалци може да се многу блиску до неа, а таа да не е ни самата свесна за тоа. Пријателите може да те предадат, некогаш дури и љубовниците... затоа што тоа се луѓе во кои никогаш не можеш да се посомневаш.

Главните улоги во оваа мини серија ги толкуваат Анита Каприоли, Алесио Бони, Масимо Гини ), Винченцо Амато, Лео Гулота и Марта Гастини, а режијата е на Фабрицио Коста.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012