54654

„Училиштето над црната дупка“, нова тин мистерија на МТМ и локалните

 

Уште една постара тин СФ серија на локалните телевизии

 

Премиера навечер, а репризи по полноќ, и во 12 часот и 17 часот наредниот ден. "Black Holsey High" е уште една во редот на научно фантастичните серии кои ги емитуваат локалните оваа сезона.

 

Holseyhigh1

 

Нова тинејџерска серија на програмата на Прва Скопска MTM телевизија и на останатите локални телевизии ширум земјава. На местото на тин серијата "Да се биде Ив" со емитување започна канадската научно фантастична драма "Училиштето над црната дупка", снимена од 2002 до 2006 година во 42 продолженија.

 

Holseyhigh2

 

Пет ученици заедно со нивниот учител се во центарот на дејството. Тоа се хероите кои во подрумите на училиштето ја истражуваат црната дупка како научен феномен. Училиштето во кое ќе се случуваат големите мистерии и авантури на јунаците се наоѓа во јужно Онтарио, а веднаш до училиштето, пријателите откриваат античка лабораторија која ќе ги наведе на неочекувани откритија. Навистина чудни работи започнуваат да се случуваат кога Корина, Лукас, Џози, Маршал и Во ќе запловат во галаксијата на неоткриениот свет на физиката и ќе го формираат Научниот клуб, во кој единствен возрасен на кој може да му веруваат е професорот Закари.

 

Holseyhigh3

 

Што ќе се случува со училиштето над црната дупка и ќе може ли учениците да се спасат од злите сили кои демнат во нивните ученички денови, останува да гледаме секој понеделник, вторник и среда во 20.30 часот на МТМ ТВ.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012