54654

Пред летните одмори, потсетување на крими драмата „Бродчрч“ на Телма

 

Недела, 20 часот - "Broadchurch" на Телма

 

Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но ...

 

Broadchurchtelma3

 

Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на крими серијата "Broadchurch".

 

Broadchurchtelma2

 

Серијата премиерно на телевизија Телма беше емитувана пред повеќе од една година, а сега се емитува репризно и тоа секоја недела во 20 часот, пред новите епизоди на "Зона на самракот".

 

Broadchurchtelma1

 

"So Close" од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со "So Far". Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.

 

Broadchurchtelma4

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012