54654

Секоја вечер на полноќ, репризи на епохалните драми на Телма ТВ

 

Потсетување на едно старо време и на една борба за слобода

 

По завршување на сезоната на "Shameless", Телма телевизија секоја вечер на полноќ започна со репризирање на историската драма "Pillars of the Earth", a веднаш по нејзиното емитување продолжи спин оф серијата "The world without end" која исто така премиерно ја следевме во текот на зимските месеци.

 Svetbezkraj3

 

За потсетување, средновековната драма "Свет без крај" е канадско-британска продукција, снимена по истоимената книга на Кен Фолет, авторот и на "Столбовите на земјата". Снимана е во Унгарија, Австрија и Словачка, а во главните улоги настапуваат Синтија Никсон, Миранда Ричардсон, Питер Фирт, Бен Чаплин, Шарлот Рилеј, Руперт Еванс и многу други.

 

Svetbezkraj2

 

14 век, Англија, време на природни катастрофи, војни и болести, време за превласт и време кога се јавува смртоносната чума. Дејството на серијата е сместено 150 години понапред од она во Столбовите и претставува хроника на случувањата во едно англиско измислено гратче, Кингсбриџ кое станува мета на борба за власт во текот на стогодишната војна со Франција.

 

Svetbezkraj1

 

Како би го спасиле градот, младата визионерка Керис, нејзиниот љубовник Мертин и сер Томас ќе соберат луѓе кои ќе треба да се спротистават на Црквата и Кралството. Нивната храброст ќе ја инспирира цела Европа, па во сите градови и села, луѓето ќе започнат масовни буни за своите права и борба против самоволието на свештениците и владарите.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012