54654

И ова лето, Телма со реприза на британската мистерија „Фортитуд“

 

Приказната за мистериозното гратче повторно на Телма

 

Британската психолошка трилер серја "Фортитуд" ќе се репризира на Телма, секој работен ден, по полноќ. Летните месеци веќе станаа традиција за репризите на Телма.

Најавната песна "Peeling Off the Layers" ја изведуваат Wildbirds & Peacedrums, Врвна глумачка постава, ансамбл на интересни ликови, преубави кадри од природата и многу внимателно темпирана режија е она што ја карактеризира "Фортитуд".

 

 Fortitude2

 

Фортитјуд е мало гратче кое брои 713 жители (Данци, Швеѓани, Лапонци, Ирци), но затоа пак бројот на поларни мечки кои живеат таму е три пати поголем од бројот на луѓе. Неговата природа е истовремено восхитувачка, но и застрашувачка. Тоа е место во кое човек може само да побегне и да се скрие од секојдневието, место каде не смееш без пушка да излезеш надвор затоа што поларните мечки демнеат. Таму нема невработени, секој со секого се знае, за злосторства не ни чуле ниту виделе.

 

Fortitude1

 

Но постојат и одредени правила кои мора да се почитуваат. На пример, заради екстремно ниските температури, не смее некој да умре таму, туку на копно, затоа што лешевите на таа клима не се распаѓаат.

Но мирниот живот на поларното гратче еден ден ќе биде пореметен. Убиството на британски научник ќе ја размрда работата на полицискиот офицер и ќе ги стави  под тест сите потенцијални убијци и следни жртви.

 

Fortitude3

 

Истрагата на полицискиот офицер ќе извади на виделина многу брачни неверства, политички завери и чудни откритија. Во оваа интригантна мистерија, секој детал беше важен за гледачот, и во секоја следна епизода, се прашувавте - што навистина се случува овде и дали сме на чекор до вистината, или се уште сме на самиот старт.

 Улоги : Christopher Eccleston, Stanley Tucci, Sienna Guillory, Michael Gambon, Sofie Gråbøl, Richard Dormer

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012