54654

Романтичната комедија „Љубов“ од понеделник на Канал 5

 

"Љубов" во 19.30 часот, за предпразнично расположение

 

Ljubovkanal51

 

Од понеделник, на местото на "Доста е" на Канал 5 телевизија започнува нова турска приказна, за предпразнично расположение. Романса, хумор и сплетки ве очекуваат во "Љубов", серија која е снимена во 2015 и 2016 година и која ни ја раскажува приказната за двајца млади кои фатени во костецот на животот, ќе мора да ја започнат играта на љубов и лаги.

Во продолжение ве запознаваме со содржината :

 

Ljubovkanal53

 

Зејнеп е млада девојка, која среќно живее со својот татко и својата тетка. Кога ќе ја пронајде својата прва љубов, без многу размислување и без да го послуша својот татко, ќе замине со саканиот во Америка. Но, нејзиниот живот се менува кога дознава дека е бремена. Нејзиниот дечко не сака да ја прифати одговорноста на иден татко и затоа ја напушта Зејнеп. Зејнеп се породува таму и нема никаква намера да се откаже од бебето. Сфаќа дека е сама и самохрана мајка, која не може истовремено да го чува бебето и да работи. Немајќи избор на другата страна на светот, Зејнеп покајнички решава да се врати во Истанбул.

 

Ljubovkanal52


Од друга страна, се запознаваме со Фатих, млад и убав дечко, кој доаѓа од позната и богата фамилија од Турција. Бегајќи од традиционалните начела и правила, од животот кој не му дава слобода и од свршеницата која му е одбрана од семејството, тој решил да замине во Америка и таму да си ја проба среќата, далеку од сите.

 

Ljubovkanal54

 

Но, и Фатих во големата земја, доживува љубовно разочарување. Напуштен е од својата тамошна љубов и разочаран, решава да се врати назад во родната земја. И така овие двајца млади и енергични луѓе, разочарани од љубовта и судбината ја започнуваат својата нова романтична приказна. Фатих и Зејнеп доаѓаат од различни социјални класи, но кога ќе се запознаат на истиот лет од Америка за Истанбул, тоа нема да значи ништо.

 

Ljubovkanal56

 

Двајцата склучуваат меѓусебен договор кој ќе навести низа хумористични случувања, низа романтични моменти и низа семејни сплетки. Се договараат да глумат брачен пар кога ќе стигнат во Истанбул. На тој начин, Зејнеп би можела да објасни пред својот татко чие е бебето, а пак Фатих би ја одбегнал женачката со Ирем, наметната од неговото семејство. Играта која започна спонтатно ќе премине во нешто големо и моќно, нешто што се вика "љубов".

 

Ljubovkanal55

 

Глумејќи сопружници, Фатих и Зејнеп ќе се вљубат еден во друг, а пак нивните семејства со чудење ќе ја дочекаат веста за нивниот брак. Ќе може ли богатото семејство да ја прифати Зејнеп за снаа? Ќе може ли нејзиниот татко да и прости за предавството и бегството? Што ќе се случи кога сите ќе ја дознаат вистината за Зејнеп и Фатих?

Улоги : Özge Özpirinçci (Зејнеп), Buğra Gülsoy (Фатих), Tamer Levent (Шевкет), Tülin Oral (Ѓулшум), Lale Başar (Мукадес), Nilay Deniz (Селин) и др.

 

Дани | ТВ Пакет

DM AL 300x250

Ceca Pomal

Casot Na

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012