54654

Кој е шармантниот актер од „Љубов“ и „Заборави ако можеш“

 

Фатих од "Љубов" оваа зима ги стоплува срцата на Македонките

 

Fatih1

 

Бугра Ѓулсој е 35 годишен турски актер, кој во моментов македонските гледачки го гледаат во улогите на Фатих во "Љубов" и Толга во "Заборави ако можеш".

 

Fatih2

 

Шармантниот актер освојува со неговата скромност и непосредност, а за него не се врзуваат скандали и постојано надгледување од папараци можеби токму поради неговата неекспонираност во турскиот шоу биз.

 

Fatih3

 

Роден е 1982 година, во февруари, а освновно, средно и високо образование завршил во родниот град Анкара. По професија е архитект, но од млади години започнал да се занимава и со актерство.

 

Fatih4

 

Во 2011 година се жени со актерката Бурџу Кара, но во 2012 година, се разведуваат.

 

Fatih8

 

Слободното време го минува со пријателите и со новата девојка, а за која не сака да зборува пред медиумите. За неа ќе каже дека е дел од неговата интима и дека така сака и да остане.

 

Fatih9

 

Ако се вратиме на неговата професионална кариера, треба да спомене е дека една од неговите први улоги е улогата на Толга во "Заборави ако можеш".

 

Fatih10

 

Познат станува по улогата на негативецот кој ќе ја силува Фатмаѓул во "Судбината на Фатмаѓул", но награда за најдобар актер добива во 2013 година за серијата "Север и Југ", во која глуми заедно со Киванч Татлитуг.

 

Fatih6

 

По овие две серии, се појавува и во "Стара приказна", емитувана на ТВ 21 пред неколку месеци, а негово најново телевизиско остварување е комичната драма "Љубов", која ја гледате од понеделник до петок во 19.30 часот на Канал 5.

 

Fatih5

 

Во серијата го толкува ликот на Фатих, богаташ кој решава да го смени начинот на живот и затоа започнува една игра во која добива сопруга и син. Играта сепак со текот на времето станува реалност, а што ќе се случува понатаму, останува да видите.

 

Fatih7

 

Дани | ТВ Пакет

Ceca Pomal

16426532 421962608135954 1248849644 N

16426800 10211012443882791 375250880 N

Koncert Boris

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012