54654

Како од свирач на тапани стана дел од најгледаната турска серија

 

Запознајте се се новото актерско име на младата генерација во Турција

 

Burakozan1

 

Од шест годишна возраст пројавил љубов кон музиката и свирењето на тапани. И токму од средношколските денови, заедно со своите другари основал музички бенд со кој започнал да заработува на многу настапи и да одат на многу натпревари.

 

Burakozan4

Burakozan2

 

Бурак Тозкопаран е роден 1992 година, а моментално го гледаме во улогата на младиот, неодговорен, површен и богат убавец во хит серијата "Парампарче".

 

Burakozan3

 

Пред да му се случи "Парампарче", победил на еден голем музички натпревар и му се дала шанса да студира на факултет за глума и телевизија.

 

Burakozan11

 

И токму во тој бурен живот на студии, концерти, проби и настапи, му се случил кастингот за ликот на Озан, синот на богатиот бизнисмен Џихан во серијата "Парампарче".

 

Burakozan7

 

- Луѓето ме застануваат на улица, сакаат да се фотографираат со мене. На некои од девојките им е интересен Озан, некои го осудуваат токму поради неговото незрело однесување - кажува Бурак за неговата слава.

 

Burakozan8

 

- Не очекував дека серијата ќе достигне толку голем успех и дека ќе стекнам толку обожавателки благодарение на Озан. Во секој случај, славата никогаш не ми удри во глава. Се уште сакам да одам на истите места на кои сум одел и порано и вистинската девојка да ме сака токму поради стилот кој го имам, музиката што ја слушам и филмовите што ги гледам - објаснува Бурак и додава :

 

Burakozan5

 

"На екран не изгледам емотивно, но во суштина многу работи може да ме растажат. Не сакам луѓе кои не бираат средства за да успеат и токму таквите пријатели знаеле да ме разочараат. Она што знам е дека не можам да заборавам ни добро, ни лошо. Кога тогаш, враќам со иста мера, но драго ми е што од луѓето што ме знаат и од семејството ја добивам најголемата поддршка.".

 

Burakozan6

 

За него, музиката и тапаните се главната работа во животот, а за себе смета дека не е толку нервозен и комплициран лик како Озан, кој откако ќе направи нешто, се покајува во животот.

 

Burakozan9

Burakozan10

 

Дани | ТВ Пакет

 

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012