54654

Србите побудалеа по турски серии, по цел ден серии на српските тв

 

Кај нас се намалија, во Србија експанзија на турско

 

Ако во Македонија пред 4-5 години од утро до мрак се емитуваа турски серии на Сител и Канал 5, сега истата ситуација се повторува во соседна Србија. Веќе одреден период скоро и да не се емитува друг тип на странска програма на српските телевизии освен турски серии.

 

Srbijatursko20172

 

Водечка телевизија која емитува турски серии е Пинк. Таму од 16 до 22 часот се емитуваат Горка љубов, Украден живот, Елиф, Црната роза и новата "Бескрајна љубов". Ситуацијата не е ништо подобра ни на Прва телевизија, каде одат серии како Парампарче, Очајни домаќинки, Дненвикот на Фериде, Сестри... Серии се емитуваат и на помалку гледани телевизии како Хепи телевизија на која постојано се укинуваат и потоа повторно продолжуваат турски серии.

 

Srbijatursko20171

 

Дополнително, телевизии како Пинк и Прва отворија нови канали Pink soap и Prva world, на која одат 24 часа разно разни турски серии како Неправда, Фериха, Снегови на љубовта, но и грчки и индиски како Бруско, Отфрлено сираче, Малечката невеста итн.

"Величествениот" се репризира на белградска телевизија, а "Ифет" на Хепи телевизија. Започнувањето на нови серии однапред се одбројува на телевизиските екрани, како што некогаш се правеше и на нашите телевизии.

 

Srbijatursko20173

 

Она што се случуваше во Македонија, Бугарија и Босна пред неколку години, сега се случува во Србија. Малку задоцнето, но Србите на големо ги прифатија и со задоволство ги гледаат сите турски серии. Српските гледачи освен на телевизија, ги пратат и симнуваат турските серии и од интернет, се соживуваат со ликовите од тие серии и ги пратат сите новости поврзани со нови серии од земјата на Босфорот.

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012