54654

Страдањата на малата „Елиф“ продолжуваат со трета сезона на Канал 5

 

Нова сезона од приказната за Елиф во 21.30 часот

 

Радосна вест за сите гледачи на турската новела "Елиф" - серијата со трета сезона од понеделник се враќа на Канал 5. Само шест месеци по ужасниот пожар предизвикан од злобната Арзу, дознајте што ќе се случува со Елиф и нејзиното семејство. Дали некој настрада во подметнатиот пожар?

 

Eliftretasezona1

 

Дали нејзината мајка и нејзиниот татко конечно ќе успеат да бидат заедно и да се венчаат? Сега, кога вистината е веќе откриена и сите знаат дека Елиф е наследничката на богатото семејство, ќе има ли препреки за нејзина среќа?

 

Eliftretasezona2

 

Злобната Арзу и во новите продолженија ќе прави сплетки за да ја раздели Елиф од родителите, но од кого овојпат ќе ја добие поддршката? Следуваат нови пресврти во животот на слаткото девојче од земјата на Босфорот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012